Отец Атанасиј гостин во Попкаст на Слободен Печат

Отец Атанасиј Арсоски од Скопската епархија беше гостин во поткастот „Попкаст со Мартин Богатиноски“ на „Слободен печат“. Јеромонахот Атанасиј, настојател на Марковиот манастир „Св. Димитриј“ покрај Скопје, во емисијата, објавена на 6 јули 2026 година, тој говореше за Литургијата, за постот и покајанието, за мироварението и миропомазанието и за други вечно актуелни црковни теми.

„Во срцето, што е најдлабокиот дел на душата… дејствува Божјата благодат, Светиот Дух“ – нагласи о. Атанасиј.

Во разговорот беа допрени и други современи предизвици: улогите на мажот и жената во денешниот свет, евтаназијата, абортусот.

„Нема историско време во коешто кој било можел да има толку, колку што има денес… Само патувањата земете ги: денес еден најпросечен и подпросечно некој што живее, колку што може да патува не можеле кнезови и владетели да патуваат така… и пак имаме највисок степен на незадоволство“ – забележа о. Атанасиј.

Целиот разговор може да се погледне на следната видео снимка:

Попкаст со Мартин Богатиноски | Не градиме култ на смртта, туку ја сведочиме верата во ВоскресениетоПопкаст со Мартин Богатиноски | Не градиме култ на смртта, туку ја сведочиме верата во Воскресението