Презвитер Марко Манојловиќ: Да ја исцелиме волјата

 „Овој живот е како пазар во кој е сѐ изложено. Има добри нешта, а има и лоши нешта. Луѓето одбираат и веројатно се веќе сити од некои празни работи и бараат нешто суштински што ќе им донесе мир… Црквата на современиот човек му дава можност да се усовршува, да се оствари како личност и да го пронајде тоа што не може да го пронајде на други места на овој свет. Затоа, фала му на Бога, сѐ повеќе млади се враќаат во црквата и водат активен црковен живот“ – помеѓу другото изјави отец Марко Манојловиќ во своето гостување на поткастот на „Слободен Печат“ насловен „Попкаст со Мартин Богатиноски“.

Презвитерот Марко Манојловиќ, свештеник во црквата „Свети Јован Крстител“ во скопската населба Капиштец, гостуваше во емисијата емитувана на 16 февруари 2026 година. Во разговорот беа опфатени повеќе теми: младите во црквата, придобивките од веронауката, воспитувањето на децата, духовната дисциплина, светата тајна исповед и др.

Емисијата во целост може да се погледне на следната видео снимка.

Попкаст со Мартин Богатиноски | Отец Марко: Не заборавајте зошто доаѓате в цркваПопкаст со Мартин Богатиноски | Отец Марко: Не заборавајте зошто доаѓате в црква