Програма на филмскиот фестивал „Богородичен Покров“ 2024 година

Деветтото издание на филмскиот фестивал „Богородичен Покров“ се одржува од 30 ноември до 7 декември 2024 година. Може да се следи на интернет преку фејсбук страницата на фестивалот и на YouTube каналот Top World.

Програма на фестивалот

30 ноември 21.00 ч.
„Трновиот венец“ – руски документарен филм

"ТРНОВИОТ ВЕНЕЦ" - руски документарен филм, Фестивал "Богородичен Покров" 2024 г."ТРНОВИОТ ВЕНЕЦ" – руски документарен филм, Фестивал "Богородичен Покров" 2024 г.

Во филмот се раскажува за историјатот на Трновиот венец на Спасителот – една од општохристијанските светињи поврзани со историјата на Страдањата Господови.
Каква е оваа светиња и која е нејзината историја?
Автор и водител: Митрополит Иларион (Алфеев)
Продуцент: Дмитриј Менделеев
Режија: Мариа Вилкасте
Продукција: Добротворен фонд “Познание”, 26 мин.
Русија, 2023 год.


30 ноември 21.30 ч.
„Утрински камбани” – српски документарен филм
Интернационална премиера на Фестивалот “Богородичен Покров”

"УТРИНСКИ КАМБАНИ" – српски документарен филм, Интернационална премиера на "Богородичен Покров""УТРИНСКИ КАМБАНИ" – српски документарен филм, Интернационална премиера на "Богородичен Покров"

Според пророштвото на отец Тадеј, во манастирот „Св. апостол Лука“ во Бошњане, после 20 години, пристигнува царската руска камбана тешка 15 тони, донација од православни браќа Руси. Во филмот се и мудрите поуки на тогашниот архимандрит Алексеј, а сега Eпископ хвостански, дека прво треба да се грижиме за своите души, зошто душата е поважна од телото…
Сценарио и режија: Дејан Вученовиќ
Прва ТВ продукција, 32.15 мин.
Србија, 2024 год.


1 декември 21.00 ч.
“Плаштаницата – Лице в лице”, американски документарен филм

"ПЛАШТАНИЦАТА - Лице в лице", Американски документарен филм, Фестивал "Богородичен Покров" 2024 г."ПЛАШТАНИЦАТА – Лице в лице", Американски документарен филм, Фестивал "Богородичен Покров" 2024 г.

Ненадејната смрт на таткото на сценаристот и режисер на овој филм Роберт Орландо, поттикнала многу прашања кои барале одговори.
Тој го почнува големото истражување за барање на вистината за Плаштаницата, а со тоа и на смислата на животот. Со таа цел, тој патува и снима во Калифорнија, Њу Џерси, Колорадо, Вирџинија, Тексас, Италија, Израил. Одговорите од тие патувања се во овој филм.
Сценарио и режија: Robert Orlando
Продуцент: Jason Pearson
The Nexus Project
Vision продукција, 74 мин.
САД, 2023 год.


2 декември 21.00 ч.
„Божикни празници и обичаи” – српски документарен филм
ТВ серијал „Приказни од Атос“

"БОЖИКНИ ПРАЗНИЦИ И ОБИЧАИ", Српски документарен филм, Фестивал "Богородичен Покров" 2024 г."БОЖИКНИ ПРАЗНИЦИ И ОБИЧАИ", Српски документарен филм, Фестивал "Богородичен Покров" 2024 г.

На Божик се одбележува раѓањето на Господ Исус Христос, Спасителот на светот.
Божик е денот кога Бог одлучил да се отелотвори за да човекот може да се обожи.
Во овој филм станува збор за обичаите на славењето на Божик во Србија и на Света Гора.
Автор на серијата: Дарко Петровиќ
Уредник и водител: Душан Милосављевиќ
Режисер: Ненад Савиќ
Главен уредник: Јован Марковиќ
Продукција: Positive production, 32.45 мин.
Србија, 2022 год.


2 декември 21.35 ч.
„Велигден во Хиландар” – српски документарен филм
ТВ серијал „Приказни од Атос”

"ВЕЛИГДЕН ВО ХИЛАНДАР" - Српски документарен филм, Фестивал "Богородичен Покров" 2024 г."ВЕЛИГДЕН ВО ХИЛАНДАР" – Српски документарен филм, Фестивал "Богородичен Покров" 2024 г.

Во филмот се прикажува како се одбележува Страданието и Воскресението Христово на Света Гора од Велики Четврток до Велигден.
Се чита и прекрасната беседа на Св. Јован Златоуст, т.н. Велигденска беседа.
Целата природа на Велигден се огласува, птиците, животните, па којотите а на крајот и волците почнуват да завиваат, и сите заедно со биењето на камбаните го слават Воскресението Господово…
Автор на серијата: Дарко Петровиќ
Уредник и водител: Душан Миловановиќ
Режија: Ѓорѓе Милосавлевиќ Гера
Главен уредник: Јован Марковиќ
Продукција: Positive production, 32.45 мин.
Србија, 2022 год.


3 декември 21.00 ч.
„Свети Никола – Лицето на благоста”, романски документарен филм

"СВЕТИ НИКОЛА - Лицето на благоста", Романски документарен филм, "Богородичен Покров" 2024 г."СВЕТИ НИКОЛА – Лицето на благоста", Романски документарен филм, "Богородичен Покров" 2024 г.

Речиси еден милион Романци го носат името на Свети Никола.
Зошто толку многу луѓе го сакаат и почитуваат како најголем меѓу светителите?
Резултатите од испитувањата укажуваат дека 85% од моштите на Свети Никола се во Бари, а останатите мошти се наоѓаат во неколку цркви: во црквата во Лидо, Венеција и во Новата црква „Свети Ѓорѓија“ во Букурешт. Филмот го прикажува патот на моштите на Светителот од Мира Ликијска до Бари, како и уметноста и традицијата на дарувањето за Божик, која е инспирирана токму од Свети Никола.
Продуцент: Sebastian Pană
Режија: Mara Ionescu
Тринитас ТВ Продукција, 54 мин.
Романија, 2023 год.


4 декември 21.00 ч.
„Ризата на Богородица”, руски документарен филм

"РИЗАТА НА БОГОРОДИЦА", Руски документарен филм, Фестивал "Богородичен Покров" 2024 г."РИЗАТА НА БОГОРОДИЦА", Руски документарен филм, Фестивал "Богородичен Покров" 2024 г.

Во изворите марамата на Пресвета Богородица се именува како риза, омофор или покров. Тоа не е покривка за главата, туку е горна облека која ја покривала главата и се спуштала до петите… Денес мал дел од Ризата се наоѓа во Успенската црква на московскиот Кремљ, друг – во лутеранската црква Св. Јован Крстител во Рим. Но, најголемиот дел се чува во катердалната црква на Божјата Мајка во Шартр, Франција.
Автор и водител: митрополит Иларион (Алфеев)
Продуцент: Дмитриј Менделеев
Режисер: Марија Вилкасте
Продукција: Добротворен фонд “Познание”, 26 мин.
Русија, 2023 год.


4 декември 21.00 ч.
„За нашиот доктор, а писател” – српски документарен филм

"ЗА НАШИОТ ДОКТОР, А ПИСАТЕЛ" - српски документарен филм, Фестивал Богородичен Покров 2024 г."ЗА НАШИОТ ДОКТОР, А ПИСАТЕЛ" – српски документарен филм, Фестивал Богородичен Покров 2024 г.

Д-р Душан Радиќ е великодушен и благороден дух, хуманист, со бројни богоугодни дела. Останува без родители, а на 18 години му ја ампутираат ногата. На земјата бил кратко, но, оставил значајна трага. Посветена жена, големо семејство, бројни раскази, роман… Основал и библиотека во Врњачка Бања. Умира во 1938 година, на 46 години.
Продуценти: Милан П. Киќевац , Бошко Милосављевиќ
Сценарио и режија: Бошко Милосављевиќ
Симатели: Лазар Добриќ, Душан Поповиќ, Лазар Станивук
Завод за унапредување на оброзование и воспитување на Р. Србија, 30.32 мин.
Србија, 2023 год.


5 Декември 21.00 ч.
“Štreit: Фотографирам, значи постојам” – чешки документарен филм
Интернационална премиера на Фестивалот Богородичен Покров

"ŠTREIT: ФОТОГРАФИРАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ"- чешки документарен филм, Богородичен Покров 2024 г."ŠTREIT: ФОТОГРАФИРАМ, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ"- чешки документарен филм, Богородичен Покров 2024 г.

Чешкиот и светски фотограф, посветен главно на фотографии со хумани пораки, проф. М-р Jindřich Štreit до 2024 год. ги објавил своите фотографии во 98 книги, 104 каталози и 1565 самостојни изложби.
Неговата порака е дека секој треба да ја најде смислата на животот, тоа што го
надминува овој живот и дека човекот треба да работи на тоа.
Сценарио: Lubomír Hlavsa и Iva Hlavsova
Продуцент: Lubomír Hlavsa
Режија: Lubomír Hlavsa и Martin Štoll
Вистафилм продукција, 51 мин.
Чешка Република, 2024 год.


6 декември 21.00 ч.
„Сакам да бидам светец” – руски документарен филм

"САКАМ ДА БИДАМ СВЕТЕЦ", Руски документарен филм, Фестивал "Богородичен Покров" 2024 г."САКАМ ДА БИДАМ СВЕТЕЦ", Руски документарен филм, Фестивал "Богородичен Покров" 2024 г.

Овој филм е во сеќавање на јеромонахот Јоаким (Виктор Салтиков).
Приказна за човек кој се преобразува во икона и се вивнува во висините во кои можеби ние никогаш нема да се вивнеме. За неговиот пат од осамениот тажен рај на кавкаскиот резерват, преку војната, смртта на пријателите, преку резерватот на Индијанците во Јужна Дакота, преку снегот на Арарат до црквата на руското село, каде срцето е полно и во чија судбина, сѐ е на свое место.
Продуцент, Сценарист и Режисер: Валериј Тимошченко
Продукција: Краснодарско филмско студио, под покровителство на Министерство за култура на Руската Федерација, 90 мин.
Русија, 2023 год.


7 декември 21.00 ч.
„Историјата на црквата Св. Вмч. Димитриј – Скопје“, македонски документарен филм, Архива на Канал 5 ТВ

ИСТОРИЈАТА НА ЦРКВАТА “СВ. ВМЧ. ДИМИТРИЈ” , македонски документарен филм, Архива Канал 5 ТВИСТОРИЈАТА НА ЦРКВАТА “СВ. ВМЧ. ДИМИТРИЈ” , македонски документарен филм, Архива Канал 5 ТВ

Во спомен и чест, по повод 118 години од раѓањето на првиот поглавар на возобновената
МПЦ-ОА, г.г. Доситеј на 7 Декември 1906 година во село Маврово, Фестивалот го затвораме со филм во кој се прикажува неговото востоличување за Архиепископ Охридски и Македонски на 5 октомври 1958 година во храмот „Света Софија” во Охрид. Филмот е снимен по повод 800 години постоење на црквата „Св. вмч.Димитриј” во Скопје и 120 години од нејзиното преосветување на храмот, а во неа се наоѓа и гробот на г.г. Доситеј. Соговорник во филмот е проф. др. Јован Белчовски, поранешен декан и проф. на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје.
Директор: Иван Мирчевски
Монтажа: Коле Јовановски
Сценарио и режија: Зорица Костовска
Продукција: Канал 5 ТВ, 62 мин.
Македонија, 2016 год.