Протојерејот Александар Стојаноски од Тетовско-гостиварската епархија гостуваше во поткастот „Попкаст со Мартин Богатиноски“ на Слободен печат. Во емисијата објавена на 2 март 2026 година, помеѓу останатото, тој опширно зборуваше за духовното раководство, за светата тајна исповед и за светата тајна причест.
„Мислам дека искушение кое најтешко се препознава е искушението на рамнодушноста, човек кога е рамнодушен за гревот и за сè што му се случува… До рамнодушноста доведува апостасијата, долгото живеење надвор од Црквата, од Евангелието, од духовните вредности, па човекот полека отапува. Дури и совеста која е глас Божји може да занеме, ако човек постојано ја игнорира и ако постојано наоѓа задоволство со кое ќе ја анулира“ – истакна отец Александар во разговорот.
На крајот од емисијата, протојерејот зборуваше и за свети Кирил Лешочки, за процесот на неговото вбројување во ликот на светителите и за пишувањето на неговото житие, кое му беше доверено токму на о. Александар.
Целата емисија може да се погледне на следната видео снимка.

