На 2 февруари 2026 година протојерејот Добрица Јанев од Брегалничката епархија беше гостин во емисијата „Попкаст со Мартин Богатиноски“ на Слободен Печат.
Во емисијата отец Добрица говореше за црковниот живот во минатото и денес. Народот денес страда повеќе од духовната празнина, одошто од сиромаштијата – истакна, меѓу другото, отец Добрица. Тој ја нагласи потребата од веронаука и верско образование кое би придонело младите да стекнат вистински морални и духовни вредности.
„Потребно е да пројдат генерации за сето тоа да дојде во колосек“ – рече отец Добрица, говорејќи за последиците од периодот во кој преовладуваше идеологијата дека нема Бог.
Коментирајќи за предизвиците со кои се соочува Црквата, отец Добрица заклучи: „Црквата нема да пропадне никогаш, бидејќи е основана од нашиот Спасител и водена од Светиот Дух, а искушенијата се неминовни“.
Целата емисија може да се погледне на следната видео снимка.

