Протојереј Зоран Стаменковиќ: гревот е причина за сите зла во светот

Во епизодата на поткастот „Попкаст со Мартин Богатиноски“ на „Слободен печат“, емитувана на 30 март 2026 година, гостуваше протојереј Зоран Стаменковиќ од храмот „Св. Илија“ во Скопската епархија, со кого водителот имаше богат и плодоносен разговор.

Отец Зоран зборуваше за духовниот живот во Црквата, за светите тајни покајание и исповед, Литургија и причест.

Запрашан за постот, отец Зоран нагласи дека не е доволно само да внимаваме на храната, туку уште повеќе е важен духовниот пост: со усилба да се трудиме да живееме молитвено, да се обраќаме кон Бога, и да се пазиме од гревот.

„Смислата на постот е да се умират страстите“ – објасни тој. „Многумина мислат дека заради постот телото е слабо, но всушност е обратно… Треба да сме духовно силни и да живееме духовен живот, молитвено кон Бога. Кога ние сме молитвено со Бога, кога душата е спокојна и мирна и телото е силно.“

Зборувајќи за исповедта и причеста, тој истакна: „Свештеникот е патеводител… Секој православен верник треба да има духовен отец каде што ќе оди на исповед и разговор.“

„Ние денес сме сведоци дека ретко кој зборува за гревот, а гревот е причина за сите зла во светот“ – нагласи отец Зоран.

„Кога човекот од длабочината на душата ќе се покае, тоа е посилно и од светата тајна крштение, затоа што човекот повторно се раѓа“ – истакна о. Зоран.

Целиот разговор може да се погледне на следната видео снимка.

Попкаст со Мартин Богатиноски | Отец Зоран: Христос никогаш не ни ветил лесен животПопкаст со Мартин Богатиноски | Отец Зоран: Христос никогаш не ни ветил лесен живот