Филмот „Theophorus“ (Богоносец), посветен на свети Игнатиј Богоносец, е достапен на англиски јазик со македонски титлови. Станува збор за филм создаден со помош на вештачка интелигенција, во времетраење од 4 минути и 22 секунди, кој го прикажува животниот пат на свети Игнатиј од Антиохија до Рим.
Според црковното предание, свети Игнатиј Богоносец бил детето што Христос го поставил пред учениците, кога им порачал: „Вистина ви велам, ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во Царството небесно“.
Филмот прикажува неколку моменти од животот на светителот – од детството, преку неговото епископско служење, до маченичката смрт, со која ја посведочил својата вера во вистинскиот Бог.
Еден од впечатливите моменти е сцената во Колосеумот, каде што мајка се обидува да ѝ ги покрие очите на својата мала ќерка. Детето, сепак, ја оттргнува нејзината рака, не за да го гледа ужасот на мачеништвото, туку за да погледне подалеку, кон хоризонтот што се протега над смртта.
Преку оваа сцена, филмот ја пренесува пораката за христијанската надеж и сведоштвото на светите маченици, кои ги положиле своите животи за Христа. Нивниот поглед насочен кон Небото продолжува да живее и во очите на децата.
Продукцијата на филмот е на „Тавор“, издавачката дејност на Кумановско-осоговската епархија.
Филмот со македонски превод може да се погледне на следново видео:
За вклучување на македонскиот превод, во поставките на видеото (Settings) треба да се избере Subtitles/CC, а потоа јазикот „Macedonian“. Титловите се активираат со кликнување на ознаката CC во видеоплеерот.
