Завршен концерт на хорот „Калистрат Зографски“ во Струга

Школата за византиска музика „Калистрат Зографски“ приреди незаборавна музичка вечер во Струга, одржувајќи го својот завршен концерт пред бројна публика на 19 јуни 2026 година.

На сцената во центарот за култура „Браќа Миладиновци“, пред преполната сала, настапија: детскиот состав под раководство на протопсалт Теофан Санџакоски и диригент Ана Тихонова, женскиот состав под раководство на Теофан Санџакоски, како и машкиот хор предводен од хороначалникот и протопсалт д-р Димитри Кумбароски.

Како што беше истакнато од протопсалт Димитриј Кумбароски, работата на школата не е случај , туку таа претставува продолжение на една исклучително богато музичко предание во Струга. Предание кое професорот Сотир Голабоски го именуваше како струшка црковна музичка школа, а со тоа се означува една исклучителна значајна појава во историјата на црковното пеење чиј духовни великани се Наум Миладин, архимандритот Калистрат Зографски, Јоаким Икономов, Сотир Чакар и други, истакна во своето обраќање Кумбароски.

Извор: https://ohrid1.com/archives/125091