Навршувањето на 100 лета од животот на отец Петар Петрески, од струшкото село Јабланица, за што веќе имавме известување, е повод да се потсетиме на краткиот документарен филм „Кифа, животот на отец Петар“, кој е снимен токму за свештеникот Петар Петрески и е сведоштво за неговата свештеничка служба.
Од филмот дознаваме дека како едногодишно дете, о. Петар бил со толку големи здравствени проблеми и мали шанси да преживее, што лекарката што се грижела за него на родителите им рекла дека „ако детето преживее, за тоа само на Бога да му благодарите“. Ете, тоа дете, за кое лекарската наука не очекувала да го доживее повеќе од еден роденден, доживеа длабока старост и оваа година наполни 100 години, а животот го посвети во служба на Бога, а за спасение на народот.
Овој филм е авторско дело на Дарко Белев и е негов дипломски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје, под менторство на проф. Столе Попов. Снимен е во 1996 година.
Филмот во целост може да се погледне тука: