Нова православна анимирана серија за најмалите деца

„Православие за деца“, новоформирана непрофитна организација, со задоволство го најавува почетокот на анимираната серија „Софија“ создадена за да понуди привлечна, православна христијанска едукација за мали деца на возраст од 3 до 6 години. Основана како одговор на потребата од квалитетно верско образование во дигиталната ера, се раководи од мотото: „Учењето на Православието може да биде забавно“, развивајќи анимирана содржина, која има за цел да ја дополни, а не да ја замени, парохиската верска едукација, зацврстувајќи го она што децата го учат во црква и на неделното училиште.

„Софија“ ги воведува децата во богатството и убавината на православното христијанство преку молитви, химни, празници, светите тајни, монашкиот живот и секојдневниот ритам на Црквата. Со спојување на автентичната православна традиција со креативноста и пристапноста на современата анимација, организацијата „Православие за деца“ настојува да всади трајна љубопитност, благоговение и љубов кон Бога, за следната генерација да израсне поврзана со православната вера, нејзината заедница и радоста на животот во Христа.

Анимираната серија е достапна на Јутјуб каналот на организацијата.

Sophia and an Introduction to OrthodoxySophia and an Introduction to Orthodoxy

Извор: https://orthodoxobserver.org/orthodoxy-for-kids-launches-new-animated-series-for-young-children/