На семејствата на сите настрадани во Кочани им изразуваме најдлабоко сочувство и се молиме да ја примат утехата Божја во срцата, во овие неискажливо тешки денови.
Секогаш на светата Литургија ќе ги спомнуваме починатите – да бидат упокоени во Земјата на Живите. Смртта може да изгледа страшно, но Христос, Кој Е Земјата на Живите, со Неговата смрт и Воскресението од мртвите ја победи смртта и таа повеќе го нема последниот збор, нема егзистенција самата по себе.
Се молиме и за целосно закрепнување на сите повредени.
Манастир „Успение Богородично”, с. Маркова Сушица, Скопје.