-

22 години служење на Александрискиот Патријарх Теодор
Со особена свеченост во Александрија беше одбележана 22-годишнината од изборот на Неговото Блаженство, папата и патријарх Александриски и на цела Африка, Теодор II, на апостолскиот престол на светиот апостол и евангелист Марко. На 9 октомври 2026 година, се навршија 22 години од денот кога Светиот Синод на Александриската Патријаршија едногласно го избра Теодор, дотогашен митрополит на Зимбабве, за 126-ти папа и патријарх Александриски и на цела Африка. По тој повод, во манастирот „Св. Сава Освештен“ во Александрија беше отслужена свечена патријаршиска и синодска Божествена Литургија. Со Литургијата началствуваше патријархот Теодор II, во сослужение со митрополитите: Кесариски Теофилакт, Гвинески Георгиј, Ермополски…
-

Истражување за улогата на етичките норми во превенцијата на насилството меѓу младите
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на 8 октомври 2026 година започна со спроведување на анкетно истражување на тема „Етичките норми како можност за превенција од насилство меѓу младите“. Во рамките на теренските активности, претставниците на Комисијата, Петар Петковски, советник, м-р Огнен Коцевски, соработник, и Бесим Мемеди, помлад соработник, ги посетија Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и Факултетот за исламски науки во Скопје. При посетата на Православниот богословски факултет беше остварена средба со деканот, отец д-р Илче Мицевски-Игнат, како и со дел од наставниот кадар на факултетот, при што беше истакнато значењето на меѓуинституционалната соработка, зацврстена…
-

Нови парохии и групно крштевање во Егзархатот на Африка на Руската Црква
По благослов на патријаршискиот егзарх на Африка, Каирскиот и Северноафрикански митрополит Константин, раководителот на Мисионерскиот оддел на Патријаршискиот егзархат на Африка на Руската Православна Црква, свештеникот Георгиј Максимов, ја посети Нигерија. На 25 септември 2026 година, о. Георгиј пристигна во нигериската престолнина Абуџа, каде што ја посети парохијата посветена на Света Троица. Наредниот ден, во придружба на свештеникот на парохиите во Нигерија, о. Даниел Агбаза, о. Георгиј пристигна во сојузната држава Анамбра, каде што одржа средба со раководителите на голема неканонска православна група која сака да премине во Руската Православна Црква. На средбата беа разгледани постапката и планот за катихизација…
-

Отец Милан Ѓорѓевиќ во „Попкаст“ на Слободен печат
Протојеројот Милан Ѓорѓевиќ од Скопската епархија, редовен професор на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, гостуваше во поткастот „Попкаст со Мартин Богатиноски“ на „Слободен печат“. Во емисијата објавена на 14 септември 2026 година отец Милан говореше за повеќе актуелни теми. За спортот како себенадминување, за смислата на христијанскиот подвиг, за соочувањето со анксиозноста и депресијата, за кризите во човековиот живот. Како родител на четири деца, отец Милан говореше и за предизвиците на воспитувањето на децата во денешно време и во денешните услови. Целиот разговор може да се погледне на следната видео снима.
-

Четирикратно зголемен бројот на евтаназирани во државата Викторија, Австралија
Британската организација „Право на живот – Обединето Кралство“ го осуди наглото зголемување на бројот на смртни случаи предизвикани со медицински потпомогнато умирање во австралиската сојузна држава Викторија, повикувајќи истовремено на долгорочни напори за подобрување на палијативната нега во Велика Британија. Организацијата, која се залага за заштита на животот, истакнува дека нејзината цел е да изгради општество во кое самата идеја за медицински потпомогнато самоубиство ќе биде „незамислива“. Во септември, Долниот дом на британскиот парламент гласаше против предлогот за легализација на медицински потпомогнатото самоубиство, со 286 гласа „против“ и 270 „за“. Организацијата „Право на живот“ го оцени гласањето како „победа на…
-

29 новокрстени и уште 78 се подготвуваат за крштение во Антиохиска парохија во САД
Православниот храм „Свети Андреј“ во Арлингтон, сојузната држава Вашингтон, на 26 септември 2026 година крстил 29 лица. Антиохиската парохија продолжува да бележи значителен раст, а уште 78 огласени се подготвуваат да го примат Светото Крштение. Парохијата се наоѓа приближно на половина пат меѓу Сиетл и границата со Канада и во моментов брои 310 членови. Во изминатите три години бројот на верници се удвоил, а само во 2026 година во храмот досега биле крстени околу 65 лица. Парохиски свештеник е отец Дејвид Ховик. Пред околу 30 години, заедницата преминала во Православната Црква, откако претходно припаѓала на протестантска заедница која не била…
-

Честитка до Архиепископот Стефан од Европската епархија
До Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан Ч Е С Т И Т К А Ваше Блаженство, По повод 40-годишниот јубилеј од Вашата епископска служба, во името на Европската епархија Ви упатуваме искрени честитки и благодарност за Вашето долгогодишно и посветено архипастирско служење на Светата Црква. Му благодариме на Бога за Вашата вера, мудрост и љубов со кои низ сите овие години ја извршувате доверената Ви служба. Се молиме Господ и понатаму да Ве укрепува, да Ви дарува добро здравје, духовна сила и долг живот, за уште многу години да служите на Светата Црква и на верниот…
-

Собрание на епископите во САД: речник на знаковен јазик и заеднички катихизис
Собранието на канонските православни епископи на Соединетите Американски Држави заседаваше во Питсбург, Пенсилванија, од 3 до 6 октомври 2026 година, на своето 15. заседание од основањето. Собранието изрази искрена благодарност до митрополитот Сава за гостопримството во новиот центар на Грчката православна митрополија во Питсбург, како и до православната заедница во градот за организирањето јавни настани. Главна тема на 15. заседание беше продолжувањето на работата на подготовката на заеднички катихизис. По разгледувањето на работата на Комисијата за богословско образование, Собранието ја потврди нејзината задача да подготви класичен катихетски текст. Собранието одобри и продолжување на работата на катихизисот, во која ќе бидат…
-

Обраќање на Грузискиот Патријарх на конференцијата за темелите на Европската цивилизација
На 2 октомври 2026 година во престолнината на Грузија, Тбилиси се одржа меѓународна конференција на тема „Темелите на Европската цивилизација и 1700 години Христијанство во Грузија“. На конференцијата присуствуваа претседателот и премиерот на Грузија, претседателот на грузискиот парламент, пратеници и претставници на извршната и законодавната власт и многу други угледни гости, од Грузија и од странство Свое обраќање на конференцијата имаше и Неговата Светост Католикос-патријархот на Грузија, Шио, во коешто истакна: „Ве поздравувам од сè срце и ви го честитам 1700-годишниот јубилеј од прогласувањето на христијанството за државна религија во Грузија. Ги поздравувам свештенослужителите кои пристигнаа од различни земји, раководителите…
-

Упокоение во Господа на архимандрит Јустин, чувар на Јакововиот извор
Ерусалимската Патријаршија извести дека на 18 септември / 1 октомври 2026 година, по долго боледување се упокои архимандрит Јустин Мамалос, обновител на светото поклоничко место на Јакововиот извор и ктитор на храмот „Св. Фотина Самарјанка“ во Неапол (Наблус), во Самарија. Неговиот живот и долгогодишното служење беа нераскинливо поврзани со темелната обнова и уредувањето на овој свет манастир. Блаженоупокоениот ги посвети своите сили, трудот и голем дел од својот живот на обновувањето, украсувањето и зачувувањето на Светиот манастир. Зад себе остави драгоцено наследство и дело што ќе го чува жив споменот за неговиот придонес. Ерусалимската патријаршија и братството на Светиот гроб…
