Македонската Православна Црква ќе учествува на годинешниот Саем на книгата

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе учествува на меѓународниот саем на книгата кој оваа година ќе се одржи од 18 до 24 април, во салата Борис Трајковски, во Скопје.

На саемскиот штанд на МПЦ-ОА ќе бидат изложени повеќе изданија од издавачките дејности на епархиите, кои ќе бидат достапни по саемски, намалени, цени.

Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската Православна Црква на Саемот на книгата.