Православната Црква на Албанија го искажа својот став за бракот меѓу истополови двојки. Поточно, Црквата изјави дека продолжувањето на човечкиот род е засновано на двата пола и на нивнотото соединување.
Се наведува: „Ниту една култура, религија или правен систем (како оние на Солон, Платон итн.) не ја институционализираше хомосексуалната заедница како брак. Она што е неприродно не може да стане природна преку законски одредби. Напротив, таков закон го навредува создавањето“.
Во продолжение следува целосното соопштение на Албанската православна црква:
Во врска со законското признавањето на хомосексуалниот соживот како брак, Православната автокефална црква на Албанија изјавува:
Добро е познато дека продолжувањето на човечкиот род е засновано на постоењето на два пола и на нивното соединување. Ниту една култура, религија или правен систем (како оние на Солон, Платон итн.) не ја институционализираше хомосексуалната заедница како брак. Она што е неприродно не станува природно преку законски одредби. Напротив, таквиот закон го навредува создавањето. Не е општествен напредок, туку судир со природниот поредок, и назадување. Црквата е должна јасно да го изрази концептот и значењето на бракот, важноста на семејството и раѓањето деца во согласност со нејзините свети текстови и нејзината вековна традиција (како што беше објавено на Светиот и велики собор на Православната Црква во Крит во 2016 година).
Извор: https://orthodoxalbania.org/2020/2024/01/13/kisha-orthodhokse-autoqefale-e-shqiperise-shpreh-ndikimin-kunder-legalizimit-te-marteses-homoseksuale/