Од вторник, 20 февруари од 18 и 30 часот во сала на црквата „Св. Петар и Павле“, Ѓорче Петров започнавме со новата, четириесет и четврта група, која ги посетува предавањата од Воведниот курс „Училиште за животот“.
Првото предавање од Воведниот курс беше на тема: „Во Кој и Каков Бог веруваат православните христијани?“
Во останатите вторници во рамките на Воведниот курс можете да присуствувате на следните предавања:
2. Бог, Творец на се што постои во сите димензии на постоењето!
3. Од каде и што е Доброто и од каде и што е Злото?
4. Промислата Божја за спасение на светот во времето на Стариот Завет!
5. Христос (Месијата), очекуваниот Спасител, одговор Божји на отпаднатиот свет!
6. Христовата Откупителна Крсна жртва и Воскресението – победа над злото, гревот, смртта и сатаната!
7. Црквата, заедница на Новозаветниот народ Божји!
8. Светите Тајни на Црквата,
учество во Откупителната Крсна жртва на Месијата во силата на Духот Свети и вовед во процесот на остварувањето на нашето спасение!
9. Го чекам воскресението на мртвите и животот во идниот век!
—
Предавач и духовен раководител на Воведниот курс „Училиште за Животот“ е протопрезвитер Ивица Тодоров.
—
организатори:
Мисионерски Центар „Св. апостоли Петар и Павле“
Црковна Општина „Св. Петар и Павле“ Ѓ. Петров; МПЦ – ОА