Пишува: Протопрезвитер Ивица Тородов
Во Светите книги на Стариот и Новиот Завет БОГ (Елохим/ אֱלֹהִים) ни се открива како ВЕЧНОПОСТОЕЧКО БИТИЕ!
Тоа значи дека ТОЈ е надвор од просторот и времето и од се просторно и временско. Како таков TOJ е надвор од опсегот на нашиот мисловен систем, надвор од опсегот на нашиот ум. Нашата мисла не може да си претстави нешто надвременско и надпросторно. Затоа Бог во својата ОБЈАВА користи зборови од нашиот свет за да ни ја приближи вистината за себе – затоа што Него не можеме да го споредиме со НИШТО ОД ОВОЈ СВЕТ!
БОГ во Светото Писмо ни открива дека е и наш Творец. Ни открива дека сè што постои, како во духовниот така и во материјалниот свет ТОЈ го создаде од НИШТО, односно, од не битиe сè приведе во битие/ во постоење – во сите нивоа на постоење.
Се што создаде Севишниот беше создадено како добро, во совршенство, во хармонија, во љубов, блаженство, мир… и сета творба Божја во Светото Писмо е наречена ЦАРСТВО БОЖЈО, односно состојба на постоење во која владее Севишниот, Вечниот – ОНОЈ кој е над сè и во сè!
Во своето самооткривање СЕВИШНИОТ во старозаветниот период, од Адам до светиот пророк и крстител Јован, ни се откри како ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН, како ЈАХВЕ (יהוה /Јас сум Оној кој вечно постои; eḥad/ единствен), како Елохим, Саваот.
ТОЈ, Вечнопостоечкиот, Единствениот во периодот на Новиот Завет, од раѓањето на Месијата како човек преку Светиот Дух и светата девојка Марија/ Миријам, НИ ГО ОТКРИ СВОЈОТ ВНАТРЕШЕН ЖИВОТ. Тој ни откри дека во вечноста, надвор од секое временско и просторно ограничување, Тој, Севишниот, нашиот Отец Небесен постои заедно со својот Единороден Син, кој е Негов Збор/ Слово/ Логос/ и со Духот Свет.
Самиот Исус (Јешуа) Христос (Месија) за да ни ја приближи оваа тајна за ЕДНИОТ ВЕЧЕН БОГ во ТРИ ЛИЧНОСТИ употребуваше зборови од овој свет: „Син“; „Единороден“; „Происходи/ Излегува“. … сето тоа Тој го користеше за да ни ја растајни тајната преку која осознаваме дека БОГ Е ЕДЕН по својата БОЖЕСТВЕНА ПРИРОДА, која е надумна и необјаснива – затоа што е над сè и во сè.
Таа ЕДНА БОЖЕСТВЕНА ПРИРОДА ВО ВЕЧНОСТА од секогаш – во потполност ја поседуваат и Отецот небесен и Неговиот Син (Слово/ Логос) и Светиот Дух.
Според единствената БОЖЕСТВЕНА ПРИРОДА и Отецот е БОГ и Синот е БОГ и Светиот Дух е БОГ – но, не како ТРИ БОГА, ТУКУ, КАКО ЕДЕН БОГ со една божествена природа, но со ТРИ СОВРШЕНИ ЛИЧНОСТИ, со ЕДНА ВОЉА, ЉУБОВ, СВЕТОСТ, СОВРШЕНСТВО…
Кога се исполни времето, според исполнувањето на пророштвата на пророците од Стариот Завет за доаѓањето на Месијата, ОТЕЦОТ НЕБЕСЕН во овој отпаднат и со зло инфициран свет го испрати своето СЛОВО/ ЗБОР/ ЛОГОС/ СИН!
Неговиот Син/ Логос својата човечка природа ја прими од Пречистата Девојка Марија преку Светиот Дух и стана вистински човек, но без влијание на злото и гревот во неговата човечка природа.
Од суштинска важност е да се каже дека откако Единородниот совечен Син Божји – стана вистински човек – Тој не престана да биде и Единороден Син Божји. Затоа, за Месијата/ Христос го употребуваме и теолошкиот термин БОГО-ЧОВЕК, што значи дека ИСУС/ ЈЕШУА/ ישוע/ Ιεσους – како Совечен Син Божји има Божествена природа (Син Божји), а како Човек – има вистинска човечка природа (Син Човечки).
Прочитајте ги внимателно доле наведените цитати кои се поврзани со оваа тема:
Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан при Јована за да се крсти (потопи во водата јорданска) од него. А Јован Го одвраќаше, велејќи: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли – доаѓаш?”
Но Исус му одговори и рече: „Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.” Тогаш Јован Го остави. И штом се крсти (потопи во водата), Исус веднаш излезе од водата.
Одеднаш Му се отворија небесата, и Го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!”
(Матеј. 3, 13 – 17)
—
Ова го кажа Исус, па ги подигна очите Свои кон небото и рече: „Оче, дојде часот; прослави Го Својот Син, за да Те прослави и Синот Твој, како што си Му дал власт над секое тело, та на се што си му дал, да му даде вечен живот.
А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исус Христос (Јешуа Машиах/ Ιεσους Χριστος/ ישוע המשיח).
Јас Те прославив на Земјата; го извршив делото, што си ми го дал да го извршам.
И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе уште светот пред да настане.
Го објавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми ги даде, и го запазија Твоето слово.
Сега разбраа дека се што си Ми дал, е од Тебе; зашто зборовите што си Ми ги дал им ги предадов и тие ги примија и разбраа навистина дека од Тебе сум излегол, и поверуваа дека Ти си Ме пратил.
Јас за нив се молам; не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои. И се Мое е Твое, и Твоето – Мое, и се прославив во нив.
Веќе не сум во светот, но тие се во светот, а Јас идам кај Тебе. Оче Свети, запази ги во Твоето име оние што си Ми ги дал, за да бидат едно, како што сме и Ние.
Додека бев со нив во светот, Јас ги пазев во Твоето име; оние, што си Ми ги дал, ги зачував, и никој од нив не погина, освен погибелниот син, за да се исполни Писмото.
А сега се враќам кај Тебе, и ова му го кажувам на светот за да ја имаат во себе Мојата полна радост. Јас им го предадов Твоето слово, и светот ги замрази, зашто тие не се од светот, како и Јас што не сум од светот. Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото. Тие не се од светот, како и Јас што не сум од светот. Посвети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина.
Како Ти Мене што Ме прати во светот, и Јас ги пратив во светот.
И за нив јас се посветувам, та и тие да бидат осветени преку вистината. Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене, за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил. И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов, за да бидат едно, како што сме Ние едно.
Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во се едно, и да дознае светот дека Ти си Ме испратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби.
Оче, сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал, зашто ме возљуби уште пред да се создаде светот. Оче Праведен, светот не Те позна, Јас Те познав; и овие познаа дека Ти си Ме испратил; и им го објавив името Твое, и ќе го известувам, та љубовта, со која Ме возљуби Ти, да биде во нив, и Јас во нив.
(Јован. 17, 1 – 26)
—
А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе Го испратам Јас од Отецот, Духот на Вистината, Кој излегува од Отецот, Тој ќе сведочи за Мене; а и вие ќе сведочите, бидејќи од почетокот сте со Мене.
(Јован. 15. 26 – 27)
—
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.
Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. Кој верува во Него – нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Син Божји. А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли.20 Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела бидејќи се лукави. А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.
(Јован. 3, 1 – 21)
—
И кога дојде Исус во областа на Кесарија Филипова, ги праша учениците Свои и рече: „Што велат луѓето за Мене, Синот Човечки?” Тие одговорија: „Едни дека си Јован Крстител, други Илија, а некои Еремија или еден од пророците.” А Тој им рече: „А вие, што мислите, Кој сум Јас?” Симон Петар одговори и рече: „Ти си Месија (Христос), Синот на живиот Бог.” Тогаш Исус му одговори и рече: „Блажен си ти, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Отец, Кој е на небесата.
(Матеј. 16. 13 – 17)
—
Еден од најдобрите и најточните докази за ТРОЕДИНИОТ БОГ, (Бог со ЕДНА БОЖЕСТВЕНА ПРИРОДА и ТРИ СОВРШЕНИ ЛИЧНОСТИ) е вистината дека ТОЈ, нашиот ТВОРЕЦ и нас луѓето, односно, целото човештво го СОЗДАЛ ПО СВОЈОТ ПРИНЦИП на ПОСТОЕЊЕ!
Целото човештво е всушност ЕДЕН ЧОВЕК според својата природа. Сите ние луѓето имаме една и единствена човечка природа која во потполност ја поседува секој човек. Но секој од нас, инаку поседува една единствена човечка природа Е РАЗЛИЧНА ЛИЧНОСТ!
Сите ние сме со иста генетска градивна природа, но во исто време сите ние сме различни личности, и како такви, различно се пројавуваме низ својата човечка природа!
Истиот принцип владее со се што е создадено од Творецот!
Ваш во Христа, брат и слуга, о. Ивица Т.