Празникот на Христовото Воскресение, според григоријанскиот календар, е денес, на 31 март 2024 година. Истовремено, овој ден во САД е прогласен за „Ден на видливост на трансродовите лица“, што предизвика бурни реакции во верските и политичките кругови во САД.
Исто така, Претседателот на САД и првата дама, на Велигден традиционално организираат верски настан на јужниот тревник на Белата куќа, со „тркалање на велигденски јајца“. Оваа година, Белата куќа забрани на велигденските јајца да има „сомнителна содржина“, вклучително „верски симболи и религиозни теми“, што уште повеќе ги зголеми негативните реакции. Критичарите ги означија овие потези како „напад врз христијанството“.