Пагански ритуал во римокатоличка катедрала во САД

Во римокатоличката катедрала „Христос Царот“, во американската држава Висконсин, на 19 март 2024 година, пред почетокот на мисата, се одржа шамански ритуал. За време на ритуалот, четири жени облечени во индијанска облека стоеја околу олтарот и истовремено се вртеа кон север, исток, југ и запад, додека еден маж на говорницата се молеше за помош од „создателот“ да им даде „сила и храброст… да ја сфатат светоста на животот, на мајката-земја и на целото создание“.

За време на ритуалот, во храмот присуствуваше и епископот на локалната епархија Џемс Пауерс, заедно со скоро целото свештенство од неговата епархија. Интересно е да се спомне дека овој епископ во декември 2023 година излезе во поддршка на Fiduccia supplicans, декларацијата на Ватикан за благослов на истополовите заедници (за која веќе пишувавме).

Поранешниот апостолски нунциј во САД Карло Мариа Вигано го критикуваше епископот, нарекувајќи го „беден претставник на екуменската религија“, а шаманскиот ритуал „светотатствен чин што го оскверни епархискиот храм на денот кога во него се служеше миса“.

Извор: https://www.lifesitenews.com/news/servant-of-freemasonry-vigano-rebukes-bishop-who-approved-pagan-ritual-before-mass-at-cathedral/