Бугарската православна црква одлучи да го промени начинот на избор на нови епархиски архијереи

На својата вонредна седница на 24.02.2024 г. Светиот Синод на Бугарската Православна Црква, во полн состав, го разгледа писмениот предлог, арх. бр. 120/24.02.2024 година, од Великотрновскиот митрополит Григориј, Плевенскиот митрополит Игнатиј, Пловдивскиот митрополит Николај, Западно и Средноевропскиот митрополит Антониј и Доростолскиот митрополит Јаков за донесување на Синодска Одлука во врска со изборот на епархиски митрополити во иднина.

По спроведеното гласање, Св. Синод одлучи, врз основа на член 58 точка 12 во врска со член 58 точка 7 и во врска со член 2 од Уставот на Бугарската православна црква – Бугарската патријаршија да го прифати текстот на Синодската Одлука за избор на епархиски митрополити.

„За“ усвојување на текстот на Одлуката гласаa: Великотрновскиот Григориј, Плевенскиот Игнатиј, Пловдивскиот Николај, Западно и Средноевропскиот Антониј, Варненскиот и Великопреславски Јоан, Русенскиот Наум, Старозагорскиот Кипријан, Врачанскиот Григориј и Доростолскиот Јаков.

Против донесувањето на Одлуката и со различно мислење гласаa: Ловчанскиот Гавриил, Неврокопскиот Серафим и Видинскиот Даниил.

Со прифаќањето на предлогот и донесувањето на Одлуката, променета е постапката за избор на епархиски архијереји во Бугарската Православна Црква и поништен е изборот на Епархиските избирачи на Сливенската епархија (за кој веќе известивме на Литургија.мк).

Во предлогот, меѓу другото се вели:

Познато е, дека речиси во сите помесни православни цркви изборот на митрополити се врши од страна на митрополитите, исто како што изборот на клирици од црното духовништво (монаштвото), достојни да бидат ракоположени за епископи се врши само и единствено од страна на митрополитите.

Црковната традиција и денешната практика на Црквата во останатите помесни православни цркви дозволува на претставници од духовништвото и мирјаните да присуствуваат при избор на митрополити, но не и да учествуваат во него со активно право на глас. Бугарската Православна Црква во својата традиција никогаш не допуштала учество на мирјани во нејзините управни органи и при донесувањето на решенија важни за црквата, вклучително и при изборот на митрополити, па така нашиот обид недвосмислено говори, дека отстапувањето од каноните и внесување на современости во нив од популистички побуди води до неблагопријатни резултати, како што и секое отстапување од свештените канони го има како последица нанесувањето на штета на црквата.

Сметаме, дека е време канонските уредби, кои се однесуваат за изборот на митрополити да бидат приложени во практиката на Бугарската Православна Црква по акривија, поради што и предлагаме Светиот Синод да го прифати Предлогот и да ја издаде неопходната Синодска Одлука.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/reshenie-na-sv-sinod-otnosno-provedenia-eparhiyski-izbor-za, https://dveri.bg/component/com_content/Itemid,100723/catid,14/id,73052/view,article/