Волаколамскиот митрополит Антониј во посета на Кипар

Фотографија: mospat.ru

На 18 мај 2024 година, со благослов на Светејшиот Патријарх Московски и на сета Рус Кирил, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, Митрополитот Волаколамски Антониј, пристигна на Кипар.

Во придружба на Митрополитот Антониј се: заменикот претседател на Одделот, протојереј Игор Јакимчук, и секретарот на претседателот на одделот, свештеник Николај Васин. На аеродромот во Ларнака, делегацијата на Руската православна црква беше пречекана од старешината на храмот „Св. Николај чудотворец“ во Лимасол (Лемесос), протојереј Павел Поваљев.

По пристигнувањето во Ларнака, Митрополитот Антониј, со придружбата, се поклони на моштите на свети Лазар Четвородневен. Неговите мошти се наоѓаат во Ларнака, во храмот кој му е нему посветен.

Потоа, поклониците од Руската православна црква го посетија манастирот, посветен на чесниот и животворен крст – „Ставровуни“. Во тој манастир се чува стар кипарисов крст во сребрен опков, кој во себе содржи честичка од Животворниот Господов крст.

Истиот ден, Митрополитот Антониј, со делегацијата која го придружува, молитвено присуствуваше на сеноќното бдение во храмот „Св. Николај“ во Лимасол (Лемесос), во очи на неговото осветување, закажано за третата недела по Велигден, кога Црквата го празнува споменот на светите жени мироносици.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/91797/