Епископи на Бугарската православна црква сослужуваа со Православната црква на Украина

Фотографија: ec-patr.org

Неговата Светост Цариградскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, на 19 мај 2024 година, во Неделата на жените-мироносици, началствуваше на света архијерејска Литургија во ставропигијалниот манастир на Животоприемниот извор – Балаклија, во областа Зејтинбуру, во Истанбул. Нему му сослужуваа повеќе архијереи: Макариј Анеонски, Теодорит Лаодикијски, Апостол на Њу Џерси, Натанаил на Чикаго и Теодор Селевкијски од Цариградската патријаршија, Николај Пловдивски, Кипријан Старозагорски, Јаков Доростолски, Сиониј Велички и Висарион Смоленски од Бугарската православна црква, Евстратиј на Бела црква и Авраамиј Бориспилски од Православната црква на Украина.

На Литургијата проповедаше Протопрезвитерот Василиј Калијакманис, клирик на Митрополијата Неаполска и Ставрополска, која е дел од градот Солун, во Грција, професор на Богословскиот факултет при Аристотеловиот универзитет во Солун.

Во својата беседа по Божествената Литургија, Неговата Светост се осврна на жените-мироносици, кои први ја слушнаа радосната вест за Господовото Воскресение, а потоа ја изрази својата „радост за учеството на денешната Литургија на архијереи од двете ќерки-цркви на Бугарија и Украина.“

Извор: https://ec-patr.org/η-κυριακή-των-μυροφόρων-στην-ι-μονή-βα-4/