Високопреосвештените Митрополити на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Преспанско-пелагонискиот г. Петар и Дебарско-кичевскиот г. Тимотеј, на 19 мај 2024 година, во неделата на мироносиците, сослужуваа на светата архијерејска Литургија во црквата Свети Сава, во Белград, на којашто началствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј.
На Литургијата сослужуваа и архијереите на Српската православна црква кои учествуваа на редовното заседание на Светиот архијерејски собор, како и Високопреосвштениот Митрополит Санкт-петербуршки и Ладошки г. Варсонуфиј, од Руската православна црква.
„Смислата и полнотата на животот извираат од гробот Христов, бидејќи гробот не е последното нешто низ кое поминува Господ. Гробот е навистина премин од смрт во живот и се разбира, човечката логика нема објаснување. Затоа многумина се обидувале да ја објаснат тајната на победата на животот над смртта – дека некој го украл телото и дека биле поткупени чувари – но нема таква логика, таков ум и разум што имаат почеток и крај на овој свет , во историјата, што може да ја разбере тајната. Алатката за разбирање на тајната на животот, радоста, убавината, полнотата, вистината и правдата е верата, верата која го опфаќа целото наше битие, умот, срцето и телото, вера која продира го проникнува секој дамар на нашето постоење“ – рече патријархот Порфириј во својата беседа.
На крајот од светата Литургија, Митрополитот Варсонуфиј, на патријархот Порфириј, а преку него и на полнотата на Српската православна црква, подари честички од моштите на Свети Лазар Четиридневниот и Светите Отци Киево-печерски.
Извор: https://spc.rs/saborna-arhijerejska-liturgija-u-hramu-svetog-save-na-vracaru/