Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во работен состав, одржана на 11 април 2024 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со црковниот живот.
Синодот, по предлог на Синодската комисијата за канонизирање на светии, одлучи да ги вброи во диптихот на светители и исповедниците и праведни Спасе и Спаса Вишенски и преподобно-маченичка Стефанида Битолска.
Синодот смета за потребно да појасни дека независно од личните мислења на поединци и црковни портали, официјалните ставови на МПЦ – ОА се оние кои излегуваат од Портпаролот на Синодот и преку соопштенијата од канцеларијата на САС.
Синодот им посакува на своите верни чеда душеполезен пост и достојно да го дочекаме Христовото Воскресение!
Од канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА