Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тулчински и Брацлавски г. Јонатан, кој беше осуден на затворска казна за наводно оправдување на војната против Украина, и кој како последица на државниот прогон доживеа мозочен удар, за што веќе пишувавме, ќе биде вклучен во размена на воени затвореници, на барање на руската страна. Ова е наведено во судската одлука на Апелациониот суд на Украинската област Виница, од 15 април 2024 година.
Од податоците објавени во Единствениот државен регистар, стана познато дека обласното обвинителство во Виница поднело барање за укинување на превентивната мерка против владиката Јонатан, поради решението на надлежните органи обвинетиот да биде разменет како воен заробеник. Сепак, конечната одлука не е донесена, бидејќи документите што ја потврдуваат одлуката за размена на Митрополитот Јонатан сè уште не се добиени од судот.
Сега архијерејот на Украинската православна црква е во домашен притвор и продолжува да ја оспорува одлуката за неговото затворање.
Извор: https://spzh.live/ru/news/79991-mitropolita-ionafana-planirujut-obmenjat-kak-voennoplennoho