Гонетиот украински архијереј доживеа мозочен удар

Неговото Високопреосвештенство митрополитот Тулчински и Брацлавски г. Јонатан, еден од неколкуте архијереи на Украинска православна црква кои се под судски прогон, доживеа мозочен удар оваа недела.

Од Тулчинската епархија во вторникот, 19 март, известија дека тој е на лекување. „Владиката се надева дека наскоро ќе ги види сите, во крепост на духот и во сила Божја“, пишува прес службата епархијата.

Од архијереите кои беа на мета на украинските власти, владиката Јонатан досега е единствениот кој во август минатата година беше осуден со пресуда на пет години затвор и конфискација на имотот, откако претресите во неговиот дом и епархиската управа, наводно откриле докази за оправдување на војната против Украина и поттикнување верско непријателство – истото измислено обвинение, кое е подигнато против сите архијереи и свештеници на Украинската православна црква кои се под истрага.

Неговите адвокати поднесоа жалба на пресудата.

Владиката Јонатан генерално беше во лоша здравствена состојба. Еден месец по претресите, откако официјално беше известен за државното обвинение против него, тој мораше да оди на операција на срцето.

Тулчин се наоѓа во областа Виница, во западна Украина.

Извор: https://orthochristian.com/159233.html