Апел на Естонската православна црква до Парламентот на Р. Естонија

На 30 април 2024 година, Естонската православна црква, која е автономна во рамките на Московската патријаршија, испрати писмо до Собранискиот одбор и до претседателите на парламентарните фракциите во Естонското собрание, со молба да се одложи расправата „За признавање на Московската патријаршија како институција која ја поддржува воената агресија на Руската Федерација.“ Во продолжение е целиот текст на овој апел.

Почитувани членови на Одборот на Собранието,

Почитувани претседатели на парламентарни фракции!

Откако министерот за внатрешни работи Лаури Лаенемец соопшти дека ќе му предложи на Парламентот да ја признае Московската патријаршија како организација која поддржува тероризам, чии активности во Естонија треба да бидат забранети, претставници на Министерството за внатрешни работи почнаа да имаат средби и да преговараат во епархиите на Естонската православна црква на Московската патријаршија (ЕПЦ-МП), во соборниот храм Александар Невски во Талин и во Пјухтицкиот манастир Успение Богородично, при што претставниците на ЕПЦ-МП имаа можност да го искажат и објаснат својот став.

Но, до сега ЕПЦ-МП немаше можност да им го објасни својот став на претставниците на законодавните власти на Естонија – пред да се донесат одлуки кои директно ја засегаат нашата Црква.

Првото читање на проектот „За признавањето на Московската патријаршија како институција што ја поддржува воената агресија на Руската Федерација“ е вклучено во дневниот ред на собраниската седница на 2 мај.

ЕПЦ МП бара да се одложи расправата за оваа тема и да ѝ се даде можност на претставниците на собраниските фракции им да ги каже своите предлози за излез од кризата. Ве молиме да ја дадете оваа можност по празникот Пасха, бидејќи сега во нашата црква е време на строг пост – Страсна седмица, со која завршува периодот на Великиот пост, па оваа недела би сакале да ја поминеме во цркви и во молитва.

Погодни би биле датумите од 9 мај.

Со надеж за разбирање и добра соработка,

Даниил
Епископ Таруски, Викар на Талинската епархија

Извор: https://ru.orthodox.ee/news/obrashhenie-epcz-mp-k-pravleniyu-i-predsedatelyam-frakczij-parlamenta-er/