Во Русија е издадена нова книга, посветена на проблемот на првенството меѓу Православните Цркви

Во рамките на издавачката куќа „Познание“ беше издадена книгата „’Старешинство’ и ’првенство’. Кон расветлување на црковно-канонските концепти“.

Веќе илјада години, една од главните теми на богословската полемика е прашањето за црковните старешинства и првенства. Од почетокот на 20 век, во контекст на промените на еклисиолошката позиција на Цариградската патријаршија, прашањето за првенство во севкупното Православие раѓа спорови и поделби во Црквата.

Во ова издание се разгледува јазичниот развој и постоењето на клучните термини на современите црковно-политички односи („првенство (πρωτεῖον)“ и „старешинство (πρεσβεῖα)“), во текстовите од античко и средновековно време. Расветлувањето на овие термини овозможува да се префрли дискусијата за старешинство, на која било Црква над другите, во строго научни рамки, избегнувајќи ги искривувањето на неговата смисла и очигледните неточни интерпретации.

Уште една вредност на книгата е и опширниот прилог, кој содржи голема количина на одбрани и преведени цитати. Прилогот му овозможува на читателот детално да го проучи постоењето на термините, кои се разгледуваат во книгата.

Автор на книгата е Павел Владимирович Кузенков. Тој е руски историчар – византолог, магистер по историски науки. Во неговата област на научен интерес спаѓаат: историската хронологија, византиската хронографија, историјата на Византија, руско-византиските односи, историјата на Црквата, црковно-државните односи, и древно-источните (нехалкидонски) Цркви.

Научен консултант на изданието е Грацијански Михаил Вјачеславович. Тој е магистер по историски науки, главен научен соработник во секцијата за општи еклисиолошки проблеми при Православниот свето-тихоновски хуманитарен универзитет, и е главен научен соработник во Истражувачкиот центар за изучување на црноморските земји и на Византија во средниот век – при Историскиот факултет на Московскиот државен универзитет.

Научен уредник на изданието е свештеникот Павел Ермилов. Тој е магистер по историски науки, и доцент на катедрата по систематско богословие и патрологија при Православниот свето-тихоновски хуманитарен универзитет. Координатори на проектот се соработниците на Секретаријатот за меѓуправославни односи на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија – свештеникот Теодор Шуљга и ѓаконот Сергиј Монахов – под раководство на заменикот претседател на Одделот – протојерејот Игор Јакимчук. Во завршното уредување учествуваше докторот по богословие, протојерејот Николај Балашов – советник на Патријархот Московски и на сета Рус. Изданието е подготвено и реализирано во соработка со Фондот за поддршка на христијанските култура и наследство.

Книгата ќе им биде од полза на предавачите и на студентите во богословските и во светските високи школски установи, а исто така и на сите кои се интересираат за историјата на Црквата.

Извор: https://poznaniye.ru/news/vyshla_novaya_kniga_kandidata_istoricheskikh_nauk_p_v_kuzenkova_posvyashchennaya_probleme_pervenstva/