Соопштение од Светиот архијерејски синод од седницата на 29.02.2024

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, согласно со својата претходна Одлука за несослужување со Православната Црква на Украина, до конечно решавање на нејзиниот статус во полнотата на Православието, оформи комисија која ќе го проучи нејзиниот статус. 

Исто така, Синодот ја задолжи истата комисија да го проучи и проблемот со именувањето на МПЦ – OА од страна на елинофонските цркви.

Синодот ги разгледа и написите за МПЦ-ОА на г. Марјан Николовски, објавувани на неговиот портал ,,Религија’’, во кои тој континуирано изнесува непроверени, тенденциозни и погрешни факти, со што ја доведува јавностa во заблуди и затоа го советува пред секое пишување прво да ја проучи темата за која што сака да пишува.

Во прилог ви го пренесуваме Соопштението на САС на МПЦ-ОА.