Во средата од првата седмица од Великиот Пост (20 март 2024 г.), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветени дарови.
На Божествената Литургија присуствуваа свештениците од Кумановско-осоговската епархија, кои после Литургијата пристапија кон светата тајна исповед. Со благослов на митрополитот Григориј, свештениците ги исповедаше протојереј-ставрофор Драги Стојановски.
На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.
Извор: https://koe.mk/литургија-на-претходноосветени-даро-3/