Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, гостин на ифтарска вечера кај Поглаварот на ИВЗ

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на 14 март 2024 година беше гостин на традиционалната ифтарска вечерa, што ја организираше Исламската верска заедница во хотелот Александар Палас во Скопје.