На 13 март 2024 година, со благослов на Неговото Блаженство, Митрополитот Киевски и на цела Украина г.г. Онуфриј, во резиденцијата на Претстоителот на Полската православна црква, во Варшава, Архиепископот Хмелницки и Старокостантинoвски Виктор, од Украинската православна црква (УПЦ), се сретна со Неговото Блаженство Митрополитот Варшавски на цела полска г.г. Сава.
На средбата се разговараше за прашања поврзани со духовната грижа за Украинците кои се нашле на канонската територија на Полската православна црква, како резултат на руската воена агресија, како и за други теми од црковниот и од општествениот живот.
Претстоителот на Полската православна црква ги пренесе своите поздрави до Претставникот на Украинската православна црква, со желби за брзо завршување на војната, за мир и просперитет за Православната црква, на Украина и на нејзиниот народ.
Извор: https://t.me/khm_upc/8433