Архијерејска литургија во Делчево

Денеска, кога Црквата го празнува споменот на Трите Свети Архијереи, во храмот посветен на Успението на Пресвета Богородица во Делчево, Митрополитот Брегалнички г. Иларион началствуваше на Светата Божествена Литургија во сослужение со Епископот делчевско-каменички г. Марко и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.