Благовештение во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје

На 7 април 2024 година, во третата недела од Великиот пост, посветена на Чесниот и Животворен Крст Господов, а во којашто, годинава, Православната Црква го прославува и големиот празник – Благовештение, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Нивните Високoпреосвештенства, Митрополитите: Брегалнички г. Иларион и Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Света Василиева литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ – Центар, Скопје.

По Литургијата беше одржана свечена духовна академија.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/blagovec-2024/