Сослужување и ракополагање на празникот Благовештение, во Прилеп

Во третата недела од Великиот пост – Крстопоклона недела, а во којашто оваа година, се празнува и големиот празник – Благовештение на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение со Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Никола, отслужи Света Василиева литургија во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп.

На Литургијата јероѓаконот Јоаким, од манастирот „Свети Никола“ во Мариово, беше ракоположен во јеромонашки чин.