Интернет провајдерите им го блокираат на украинските посетители пристапот кон веб-страниците кои известуваат за активностите на Украинската Православна Црква, повикувајќи се на владините регулативи во областа на комуникациите и информатичката технологија.
Во Украина престанаа да се отвораат веб-страниците што ги покриваат активностите на Украинската православна црква, како што се Синодското информативно-просветно одделение на Украинската Православна Црква (news.church.ua), Сојузот на православни журналисти (spzh.media), „Православен живот“ (pravlife.org) и „Не за расколите“ (raskolam.net).
Интернет провајдерите го блокираат пристапот со следнава порака: „СТРАНАТА Е БЛОКИРАНА! Согласно со наредбата на Националната комисија која врши државна регулација во областа на комуникациите и информациите и/или одлука на Советот за национална безбедност и одбрана, веб-ресурсот е блокиран.“
На 16 декември 2023 година, Државната служба за специјални комуникации и заштита на информациите на Украина објави указ според кој треба да се блокираат голем број интернет ресурси во Украина.