Фотографија: delcevo365.mk
Епископот на Делчевско-каменичка епархија г. Марко, на денот на прославата на македонските и сесловенски просветители свети Кирил и Методиј, на учениците кои ја следеа наставата по странски јазик во црковното јазично училиште при оваа епархија, им подели уверенија за успешно завршен курс.
Наставата во ова црковно јазично училиште во Делчево ја водат професорките Виолета Стојковска по англиски јазик и Анита Златковска-Постоловски по германски јазик.
Во оваа прилика, исто така беа поделени и благодарници на децата кои земат активно учество во црковниот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Делчево.
Доделувањето на уверенијата беше по Божествената Литургија во чест на светите браќа Кирил и Методиј, заштитниците на градот Делчево. Владиката Марко порача овие уверенија да им бидат на децата за благослов за понатамошни успеси и поттик за да се трудат и понатаму во животот и да учествуваат во активностите на Црквата.