Протопрезвитер Ивица Тодоров
Во Недела, 31 март 2024 година, црква „Св. Атанасиј“ во населбата Ѓорче Петров, по Литургијата, по кафе паузата и послужувањето во преубавиот двор, во салата на црквата „Св. Атанасиј“ имавме духовна средба по повод Великиот пост. На духовната средба говоревме на следните теми:
1. Што е навистина постот?
2. Зошто и како да се причестуваме?
3. Што е навистина потребно за ослободување од гревот, злото и сатанските искушенија?
4. Св. Григориј Палама, сведок на Божествената животодавна несоздадена светлина!
Благодарност до посетителите, и до браќата и сестрите од Мисионерскиот центар „Св. Петар и Павле“!
Долепостираниот текст е заклучок од духовната средба:
Целта на злиот и злото е да нè оддели од заедништвото со Бога, односно, да нè оддели од Божествената животодавна светлина, а потоа да нè раздели,
Да нè спротивстави сами со себе,
Да нè спротивстави со другите,
Да нè спротивстави со природата,
Да нè спротивстави со вистината,
Да нè спротивстави со реалноста,
Да нè спротивстави со животот,
за на крај така исцедени од доброто да нè стопи со злото и да не удави во смрт!
Не се даваме!
Слава и благодарност на нашиот Отец Небесен во името Христово и во животодавната светлина на Светиот Дух!