Потпретседателката на САД доби покана за посета на седиштето на Цариградската патријаршија

Во очи на официјалните прослави за денот на грчката независност, потпретседателката на САД Камала Харис ги прими, во Белата куќа: Архиепископот на Америка Елпидофор (од Цариградската патријаршија), заменик гувернерот на Калифорнија Елени Куналакис и уважени членови на грко-американската заедница.

Архиепископот Елпидофор ја изрази својата благодарност кон потпретседателката Харис за безрезервната подршка на Бајденовата влада, во соочувањето со значајни прашања за Цариградската патријаршија, за Грција и за Кипар. Тој ја информираше Камала Харис за иницијативите и за напорите на грко-православната Архиепископија на Америка.

Од името на Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, Архиепископот Елпидофор ѝ упати официјална покана на потпретседателката на САД да го посети седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул.

Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/patriarxeia/oikomeniko_patriarxio/episimi-prosklisi-stin-antiproedro-ton-ipa-kamala-xaris-na-episkefthei-to-oikoumeniko-patriarxeio/