Иконата на Пресвета Богородица – Скоропослушничка во Повардарската епархија

Чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушничка предвидено е да биде донесена за поклонение на верниот народ во Повардарската епархија. По тој повод, епархијата го издаде следното соопштение:

Возљубени,

Во радоста на Воскресението Христово, би сакале да Ве известиме за уште еден убав настан кој ќе се случи деновиве во нашата Повардарска епархија. На 14.05.2024 година (вторник), во 17.30 часот ќе пристигне чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушничка во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во неготинското село Тимјаник. Иконата, од манастирот Дохијар на Света Гора, ќе ја донесат монасите од овој манастир до влезот на селото, од каде што со Литија ќе се донесе во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, каде ќе биде дочекана од нашиот Митрополит Агатангел. По дочекот на иконата, во 18 часот ќе биде отслужена Вечерна богослужба.

Следниот ден на 15.05.2024 (среда), во истата црква ќе се отслужи Света Божествена Литургија.

Ве повикуваме сите да дојдете на поклонение пред оваа чудотворна икона на Мајката Божја.

Чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушничка

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3013&Itemid=32