Архијерејска Литургија на Томина недела во Темишвар, Романија

На 12 мај 2024 година, на Томина недела и на празникот на Свети Василиј Острошки, со благослов на Преосвештениот епископ Будимски и Темишварски г. Лукијан од сестринската Српска православна црква, света архијерејска Литургија во српскиот соборен храм во Темишвар, Романија, служеше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум.

На Митрополитот Наум му сослужуваа архијерејскиот заменик протојереј-ставрофор д-р Маринко Марков, протојереј-ставрофор Мирослав Стојков, протојереј Јоца Несторовиќ и протоѓаконот Миодраг Јовановиќ.

За прочитаното Евангелско зачало проповедаше Митрополитот Наум, а на крајот од светата Литургија, од името на владиката Лукијан, свештенството на соборниот храм и верниот народ, протојерејот Јоца Несторовиќ го поздрави Високопреосвештениот владика.

Извор: https://www.serbdiocese.hu/2024/05/12/arhijerejska-liturgija-u-temishvaru-4/