Нов број на списанието „Православна светлина“, достапен бесплатно

Излезе од печат Велигденското издание на списанието „Православна светлина“ на Повардарската епархија. Од епархијата појаснуваат: „Во овој 69-ти број, стандардно, како и досега, обработивме теми од нашата православна вера и живот и се надеваме дека и ова издание ќе ја збогати Воскресната радост кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие торжествени денови, кои нè очекуваат.“

Списанието е бесплатно во храмовите во Повардарската епархија. Достапна е и бесплатна електронска верзија на следнава адреса: https://drive.google.com/file/d/1ICX7BXCgBLr-g0GwHXKnW5uaUm5iv648/view?usp=drive_link