Архиепископот Севастиски Теодосиј (Атала Хана): Прогоните на кои е изложена Православната црква во Украина се неправедни и не може да бидат оправдани во никаква форма

Ерусалим – рече архиепископот Севастиски Теодосиј (Атала Хана) од Ерусалимската патријаршија – во контекст на последните настани, смета дека е навредливо и тажно што Православната црква во Украина е прогонувана и угнетувана од државните структури, и покрај сите обраќања и апели кои се упатени.

Прогонот против епископите и свештениците сѐ уште трае, а посебна тема е незаконското заземање манастири и цркви, како и обидите за притисок врз Православната црква во Украина. Неодамна добивме извештаи за прогонот на кој е изложен Неговото Високопреосвештенство Теодосиј, митрополитот Черкаски и Каневски од Украинската православна црква. Го изразуваме нашето неприфаќање и осуда на овој неоснован, неодговорен и неразумен прогон со кој се соочува Православната Црква во Украина, која е легитимна Црква, возглавена од Неговото Блаженство митрополитот Онуфриј.

Во XXI век, додека на Запад политичките лидери ги слават човековите права и демократијата, Православната црква во Украина – која е поврзана со историјата, наследството и идентитетот на таа држава – е прогонувана.

Она што го доживуваат нашите браќа – митрополитите, свештенослужителите и црковните заедници кои припаѓаат на оваа братска црква во Украина – може да се нарече религиозен прогон и дискриминација врз основа на верска припадност, и ова е прашање што треба постојано да го привлекува вниманието на сите организации за човекови права во нашиот свет.

Ги повикуваме и бараме од меѓународните организации за човекови права – да ја осудат дискриминацијата на која е изложена Православната црква во Украина и да преземат мерки за прекин на овој неприфатлив прогон, од гледиште на човековите права, од духовна, социјална и морална перспектива.

Од Ерусалим изразуваме солидарност со нашите браќа и сестри во Православната црква во Украина, особено со епископите кои се изложени на напади, бараме прекин на овој суров прогон, за црквата во Украина да може да го извршува своето служење без никакви пречки.

Извор: https://rusdm.ru/aрхиепископ-феодосий-аттала-ханна-пр/