Во вторник, 28 мај, историскиот храм на Православната црква на Америка „Свети Теодосиј“ во Кливленд, Охајо, САД претрпе значителна штета откако се запали покривот.
Пожарот избувна попладне околу 15 часот и 30 минути. Локалните противпожарни екипи се бореа да го изгаснат пожарот во обид да го спасат храмот. Свештеникот Јан Цизмар, настојателот на храмот, заедно со другите локални свештеници, верници и соседи почнаа да ги отстрануваат свештените предмети од храмот за да ги зачуваат.
Во објава на Фејсбук страницата на храмот, отец Јан изрази благодарност до локалните пожарникари и верниците кои дојдоа да се помолија. Тој, исто така, ги охрабри сите да се молат и да се поддржуваат еден со друг.
Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Даниил на Чикаго и Средниот Запад пристигна подоцна истата вечер за да ја прегледа штетата на храмот.
Извор: https://www.oca.org/news/headline-news/historic-cleveland-cathedral-suffers-damage-after-fire