Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, ректор на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“, отпочна полагањето на матурскиот испит за 56-та генерација богослови.
Пратеник на матурскиот испит со одлука на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија e поставен Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Учениците за писмениот дел можеа да изберат една од следниве теми:
- Верата, надежта и љубовта во посланијата на светиот апостол Павле.
- Литургијата – Тајна над тајните.
- Црковно-народните собори на МПЦ
Извор: https://mpb.mk/2024/05/zapochna-maturskiot-ispit-za-56-ta-generatsija-maturanti/