Во очи на претстојниот избор на нов патријарх на Бугарската православна црква, кој треба да се одржи на 30 јуни оваа година, како и на претстојните парламентарни избори во Бугарија, неколку митрополити од Бугарската православна црква упатија апел кон свештенството и верниот народ на Бугарската православна црква да ги засили своите молитви.
Во своето обраќање, овие архијереи претстојните избори ги нарекуваат судбоносни, заради што сметаат дека е потребна поголема Божја помош.
Во продолжение во целост го пренесуваме овој апел.
Христос Воскресе!
Скапоцени во Господа отци, браќа и сестри,
Ни претстојат судбоносни избори за Патријарх на нашата родна Бугарска православна црква, како и државни избори.
Се обраќаме кон сите коишто сакаат молитвено да ја поткрепат нашата Црква и Татковина.
Нека секој ден, од денес до 30 јуни, го читаме Молебниот канон кон Пресвета Богородица.
Господ Бог по Нејзините сесвети молитви да ни прости и да нè помилува, да ја излее Својата Божествена милост кон нашата родна света Црква и кон нашиот народ.
Ловчански митрополит Гавриил
Неврокопски митрополит Серафим
Видински митрополит Даниил