Средба на Синајскиот Архиепископ Дамјан со Патријархот на Коптската црква Теодор

Фотографија: romfea.gr

Во среда, 10 април, Високопреосвештениот Архиепископот на Синај, Фаран и Раито, г. Дамјан и претседател на Фондацијата Амбетион ја посети Коптската патријаршија во Абасија, Каиро и се сретна со Патријархот на Коптската црква, г. Теодор II (Тавардос), придружуван од јеромонахот Акакиј, секретарот на манастирот Света Екатирина, и од делегација на просветната, културната и филантропската фондација на Амбетиското училиште. Амбетиското училиште е грчко училиште во Каиро, основано во 1855 година, од тројца браќа, сиријци со грчко потекло, и претставува значаен грчки духовен центар во Египет.

Коптскиот патријарх г. Теодорос го изрази своето задоволство и укажа на важноста на манастирот Света Катерина за сите Египќани.

Од своја страна, Архиепископот и Претседател на Фондацијата Амбетион ја изрази својата радост за средбата со г. Теодорос по десет години, наведувајќи дека Коптската црква е една од најстарите христијански цркви, која до средината на 5 век беше дел од неподелената Црква.

Тој, исто така, нагласи дека присуството на христијанството во светот и, навистина, во свет кој е искушуван од војни, нерамноправност, болести и сиромаштија е благослов за сите, бидејќи од оној кој шири љубов и мир имаат потреба сите луѓе, без разлика дали се христијани или не.

Неговото Високопреосвештенство г. Дамјан зборуваше за фондацијата на Амбетиското училиште, која постои околу 160 години и продолжува да го поддржува грчкото образование во Египет, но и врши културна и филантропска дејност, како што прави и во овој период кога ги отстапува своите простории на судански христијани, студенти-бегалци чии семејства беа прогонети од северен Судан поради ужасната граѓанска војна и за кои се грижеше и се грижи љубовта на Патријархот Александриски г.г. Теодор.

Исто така, го пофали широката развојна дејност што ја презема египетската држава на Синај и во околината на Света Катерина и аеродромот што се обновува таму за да се поддржи туристичкото движење и особено верскиот поклонички туризам, сите оние коишто доаѓаат да го запознаат и да се молат на местото каде што Бог се појавил и му зборувал на човекот преку пророкот Мојсеј, кој е признаен од трите големи монотеистички религии: јудаизмот, христијанството и исламот. Ова е позитивната страна на развојот, иако од друга страна го лишува од тишина просторот кадешто се развиле тихувањето и монаштвото.

Патријархот г. Теодор даде пофални забелешки за заедничкото добротворно делување помеѓу заедницата што тој ја води и Фондацијата на Амбетското училиште, ценејќи ја вредноста на заедничката работа и заедничката служба што Господ Исус ја очекува од нас, слугите на Неговото лозје и нивната идна соработка во однос на предавањето на грчки јазик на египетските граѓани и на коптското свештенство кои сакаат да доближат и да го продлабочат познавањето на светоотечкото богословие.

На крајот, посакаа, како што Распетието и страдањата на нашиот Господ Исус Христос, чиишто Божествени страдања наскоро ќе ги славиме, сите прогонети и настрадани луѓе да ги удостои со благословот на светото и светлоносно Воскресение, преку кое ќе му ги подари на светот многупосакуваниот мир, радоста и љубовта Негова.

Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/62655-synantisi-sina-damianoy-me-ton-patriarxi-tis-koptikis-ekklisias-theodoro