Литургија на претходноосветени дарови во Белград

Во петок на 12-ти април, Епископот Делчевско-каменички г. Марко, заедно со Патријархот српски г.г. Порфириј, молитвено присуствуваа на Литургијата на претходноосветените дарови во храмот Свети Пантелејмон во Мирјево – Белград, Р. Србија, со која началствуваше Епископот новобрдски г. Иларион, викар на Патријархот српски.

По Литургијата настојателството на храмот приреди трпеза за гостите.