Во Минск се одржа форум на православната младина на Белоруската православна црква

На 16 февруари 2024 година, во Минск, се одржа форум на православната младина на Белоруската православна црква (помесна автономна Црква, во склоп на Московската патријаршија), насловен: „Праведниците живеат довека (Мудр 5, 15). Улогата на светоста во животот на христијанинот“. Форумот беше временски усогласен со празникот Сретение Господово и со Денот на православната младина.

Настанот беше организиран заради зголемување на квалификациите на стручните лица, кои работат во областа на младинската служење; заради формирање на младински актив за реализирање на задачите на младинското служење во епархиите на Белоруската православна црква; заради ангажирање на младите во младинските проекти од областа на образованието, науката, културата и др., заради поткрепа на младинските здруженија, кои активно ги реализираат проектите од областа на младинското служење; и заради организирање на меѓуепархиски врски за реализирање на заедничките проекти и иницијативи во младинската средина.

Форумот започна со божествена Литургија, во Минскиот катедрален храм, посветен на Светиот Дух. Во пеењето на Литургијата зедоа учество сите присутни. На Литургијата началствуваше протојерејот Олег Абрамович, кој е свештеник во синодскиот оддел за младински дела на Белоруската православна црква. Ѓакон на Литургијата беше Јован Лијашченко, кој е виш предавач во Минското духовно училиште и е клирик во храмот „Св. Вмч. Татјана“ во Минск. На богослужбата молитвено присуствуваа претставници на православните младински здруженија од епархиите на Белоруската православна црква.

По Литургијата, работата на форумот продолжи со следниве теми: „Улогата на светоста во животот на христијанинот“ (ѓакон Јован Лијашченко), „Духовната потреба на човекот“ (протојереј Сергиј Мовсејан), „Од вљубеност до љубов…“ (Оксана Пљутова и Руслан Писаренко, методичар во Добротворниот фонд за подршка на семејството, на мајчинството и на детството Покров).

По работата на секцијата, ѓаконот Павел Погребњак ги запозна учесниците на форумот со историјата на Минскиот катедрален храм, посветен на Светиот Дух, а Георгиј Кучински спроведе посета на црковно – историскиот музеј на Белоруската православна црква.

Потоа, во свечената сала на Минската духовна академија започна празничниот дел на форумот, кој го отвори Минскиот и Заславски митрополит Венијамин, Патријаршиски Егзарх за цела Белорусија. Директен пренос од настанот имаше на јутјуб каналот на Минската духовна академија. По поздравното и поучно слово, Митрополитот Венијамин ги одликува најдобрите младински иницијативи и младински проекти за 2023 година и за претходните години со благодарници на Патријаршискиот Егзарх.  

Со поздравно слово, кон учесниците на форумот се обрати Степанов Вадим Ваљеревич, кој е раководител на програмата „Духовна врска“ на одделот за младински дела на Московската патријаршија, и е магистер по политички науки. Тој го пренесе поздравот од Истринскиот епископ Серафим, кој е претседател на одделот за младински дела на Руската православна црква, и ги запозна младите луѓе со проектот на синодскиот оддел за младински дела на Руската православна црква „Духовна врска“, во чии рамки беше донесен кивотот со честичка од појасот на Пресвета Богородица во епархиите на Белоруската православна црква. По празничниот дел на форумот, настапи студентскиот хор на Белоруската државна музичка академија, под диригентство на Инеса Бодјако.

Извор: http://church.by/news/v-minske-proshel-forum-pravoslavnoj-molodezhi-belorusskoj-pravoslavnoj-cerkvi-pravedniki-zhivut-vo-veki-kniga-premudrosti-solomona-515-rol-svjatosti-v-zhizni-hristianina