На 10.12.2023. на покана на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар, дојде Епископот Австралиско-Новозеландски г. Силуан – епископ на Српската Православна Црква заедно со свештенството и монаштвото од Мелбурн. Светата Архиерејска Литургија се богослужеше во Соборниот храм на МПЦЕАНЗ „Раѓање на Пресвета Богордица“ – Сиденхам, Мелбурн. Нашиот Митрополит се заблагодари на присуството на Епископот Силуан и му подари икона на Светиот Силуан Атонски, а пак Епископот Силуан се заблагодари на поканата и му подари на нашиот Митрополит архијерејска панагија.
На Литургијата, Митрополитот г. Петар, според одлуката на САС на МПЦ-ОА, а на негов предлог, го награди со ставрофорски чин, право на носење на граден крст, долгогодишниот свештеник од Мелбурн – протоереј Јовица Симоновски.
Многубројниот верен народ се причести со Телото и Крвта Христови, а на крајот сите заедно се послужија на трпезата на љубовта приготвена од парохјаните на Соборниот храм.
Потоа двајцата архиереи ја посетија МПЦО „Света Петка“ во Мил Парк и манастирот „Свети Прохор Прински“ во Донибрук.
Извор: https://www.mocdanz.org.au/mk_MK/архиерејско-сослужување-во-соборнио/