Неговото Блаженство Патријархот Теофил III, Патријархот на Светиот Град, заедно со Неговото Височество Принцот Гази бин Мухамед, главен советник на Неговото Височество Кралот на Јордан за верски и културни прашања, во недела, 18 февруари, ја отвори православната црква „Свети Тројца Јерарси“, во рамките на Православниот центар во Дибен, во областа Џераш, Јордан.
На отворањето на новата црква присуствуваа Нејзиното височество принцезата Марјам Гази и Патријаршискиот претставник на Аман, Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Киријакополиски Христофор, кој рече дека отворањето на црквата се совпаѓа со кралската прослава на сребрениот јубилеј на Неговото Височество Кралот на Јордан, кралот Абдула Втори, нагласувајќи дека Јордан е жив пример за религиозен соживот и оаза на безбедност, сигурност и стабилност.
Архиепископот Христофор понатаму истакна дека светиот храм ќе биде место за средби на младината, духовен и политички центар за конференции и средби, со цел да ѝ служи на локалната заедница. Тој, исто така, изрази благодарност за штедрата донација од г-дин Иса Насиф Одех за завршување на изградбата на црквата.
Светиот храм на Тројцата Јерарси е првиот храм во Јордан што го носи ова име, се наоѓа во средината на Православниот центар, кој е во непосредна близина на Богородичниот манастир „Животоприемен Источник“ во Дибен, и е подигнат во името на Свети Василиј Велики, Свети Григориј Богослов и свети Јован Златоуст.
Подот на новата црква има е украсен со геометриски шари кои ја одразуваат традиционалната јорданска градителска уметност во регионот, со византиски архитектонски дух.
Во Црквата на Тројцата Јерарси првата божествена Литургија ќе биде отслужена во петок, на 23 февруари, со присуство на официјални лица и локални верници од различни области на Кралството Јордан.